
Ви претстои породување и како и секоја жена повеќе или помалку сте загрижени од овој момент. Разбирлива е анксиозноста, како и размислувањето како да се избегнат болките и можните компликации. Некои жени веруваат дека породувањето со царски рез е поврзано со помала болка и помалку непријатност, но вистината е дека и во двете опции за породување, ризиците и болката се споредливи, иако различни.
Затоа подготвивме информации за да ве подготвиме за овој момент, како и за толку важен период на закрепнување после тоа. Царски рез (lat.sectio caesarea) е раѓање со хируршка интервенција, при што бебето се отстранува со засекување на ѕидовите на абдоменот и матката. Постои мит дека царскиот рез е именуван по Гај Јулиј Цезар, но голем број историски извори го побиваат ова тврдење. Се смета дека името е поврзано со латинскиот збор „caedere“, што значи “сеча”. Царски рез може да се планира од причини кои зависат од мајката – карлична поставеност на бебето, повеќекратни претходни породувања со царски рез за краток временски период, placenta previa, placenta accreta, хипертензија кај мајката и итн. или причини предизвикани од бебето – прекумерна тежина, голем обем на главата, неправилна положба на бебето, повеќекратна бременост итн.
Царскиот рез може да биде и “итен” – кој се спроведува кога станува збор за фетално страдање.
Царскиот рез може да се изврши под општа или спинална анестезија. Во општата ќе се разбудите кога ќе заврши операцијата – во просек трае околу еден час, а при спиналната анестезија сте будни за време на интервенцијата, но не чувствувате болка.
За време на оперативното породување ќе мора да останете во болница помеѓу четири и седум дена – по одлука на вашиот лекар. Закрепнувањето по царски рез, во повеќето случаи, трае неколку дена подолго од закрепнувањето по природно породување, а во следните неколку недели ќе влијае и ќе ја ограничи ефикасноста на младата мајка во грижата за новороденчето. Ризиците во овој период исто така не се мали, што бара долг период на следење од страна на матичните специјалисти. Како да и помогнеме на мајката која треба набргу да ја превземе новата улога? Theresienoil Med ќе ви биде непроценлив помошник во заздравување на раната и брзо закрепнување по царскиот рез!
Theresienoil Med е растително масло кое содржи билни екстракти и природни масти. Со својот непроценлив состав, Theresienoil Med промовира правилно и брзо заздравување преку забрзување на епителизацијата, намалување на болката и игра улога во спречувањето на формирањето лузни. Генерално, ќе имате побрзо закрепнување за да можете да се чувствувате здрави, способни да се грижите за новата мала личност во вашето семејство. Намалувањето на болката и забрзувањето на физичкото закрепнување ќе влијае на вашиот целокупен ментален статус.
Theresienoil Med има и други примени – на пр. можете да го користите како пријател и за доењето, доколку брадавиците се отечени, црвени, болни, па дури и разранети. Овие причини за болни брадавици може да ве спречат да доите, а знаеме дека нема ништо повредно од мајчиното млеко, особено во првите денови и месеци од животот на бебето. Нанесете капка од производот после тоалета – и веднаш ќе го почувствувате неговиот моментален ефект. Theresienoil Med ќе помогне да се забрза закрепнувањето по породувањето со царски рез. Во неговото дејство ќе најдете верен помошник и партнер во многу ситуации!
Повеќе информации на следниот линк: https://theresienoil.bg/