Weleda слави 100 години постоење и одржливост! Креираме сертифицирана природна и органска козметика, со знаење, вештина и искуство стекнато од 1921 година.

Кога се размислува за нега на кожата на новороденче секогаш треба да се даде предност на природните препарати кои ја почитуваат природната физиологија на кожата, и ѝ помагаат за природен и здрав развој од првиот ден.

Чувствителната бебешка кожа е многу пропустлива, лесно ги впива состојките од производите за нега на кожа кои ѝ се нанесуваат. Колку повеќе е природен производот, толку телото поприродно ќе реагира на него. Weleda колекцијата за бебиња и деца содржи растителни масла екстрахирани од природни растенија кои се високо компатибилни со кожата на бебињата.

Сè што ви е потребно за почетна нега на вашите најмили:

1. Weleda 2 во 1 шампон и гел за коса и тело нежно ја чисти бебешката и детската кожа, оставајќи ја кадифено мека мека, косата лесно за расчешлување, а бебешкиот мирис недопрен.
Слаткото масло од бадем заштитува од сушење, додека чистиот состав не ги иритира очите.

2. Weleda Масло без мирис за бебиња и деца, природно ја негува и заштитува чувствителната кожа. Маслото е идеално како почетна нега од првиот ден на раѓање. Чистите растителни екстракти од невен и чистото масло од сусам го потпомагаат правилниот развој на младата кожа. Маслото е совршена нега и за чистење на подрачјето на пелените, поради анти инфламаторни својства на состојките и чистите растителни масла кои не ги затвораат порите.

3. Weleda Кремата за заштита на подрачјето на пелените се грижи за најчувствителната област на бебето со помош на нежениот органски невен. Смирува иритации и црвенило, стимулирајќи ја регенерацијата на кожата. Заштитува од влажноста.

Можеби ќе ви се допадне:   Кошница за новороденче – "Што ви е потребно при подготовките за вас и вашето бебе"?

4. Weleda крем за лице заснован на органски екстракт од невен создава заштитен слој околу нежната кожа и обезбедува оптимална хидратација. Ги смирува иритациите, воспаленијата и помага во спречување на дехидрација.
Лесно се нанесува и брзо се апсорбира, оставајќи ја кожата мека и свиленкаста.

5. Weleda маслото за масажа на бебешко стомаче против грчеви е сосема безбеден препарат за секојдневно масирање на бебешкото стомаче. Најпрвин маслото загрејте го меѓу дланките и нежно масирајте го стомачето во насока на стрелките на часовникот завршувајќи кон левиот бут. На ваков начин нежно го подржувате варењето на храната, и помагате во смрување на грчевите.