Раѓањето е чудо и посебен настан за секое семејство. Но, мајки, внимавајте! Покрај грижата за бебето, не заборавајте на себе и вашата благосостојба.

Првите шест недели по породувањето се познати како постпартален период во кој треба да се посвети особено внимание на мајката и нејзиното здравје, за истиот да се преброди без многу стрес и компликации.

Бременоста е прекрасен период за повеќето жени, но многу мајки ги доживуваат и нејзините не толку гламурозни појави: замор, вознемирен стомак, болки во долниот дел на грбот, мачнина и инконтиненција. Хормонот на бременост (hCG) игра важна улога во уринарните проблеми, тој предизвикува создавање на поголема количина крв во телото и резултира со поинтензивно снабдување на бубрезите со крв и забрзано полнење на мочниот меур. Хормоналните промени предизвикуваат и истегнување на мускулите на уретрата и дното на карлицата како подготовка за породување.

По првите три месеци матката почнува да го притиска мочниот меур и доколку притисокот е преголем, може да дојде до истекување, особено за време на смеење, кашлање или друг физички напор. Поради ова некои жени доживуваат стресна инконтиненција за време на самата бременост или по породувањето. Според истражувањата, околу 40% од жените се соочуваат со оваа појава за време на бременоста, а процентот е уште поголем кај оние кои се постари од 35 години и имаат зголемена телесна тежина. Закрепнувањето по породувањето е долг процес. Мускулното ткиво автоматски ќе ја врати силата и повеќето симптоми ќе исчезнат во рок од шест недели, но целосното закрепнување може да трае и до шест месеци.

Без разлика дали имате направено епизиотомија или не, дали настанал расцеп или перинеумот е само растегнат, на овој дел од телото му е потребна посебна грижа и внимание по породувањето. Хигиената е од голема важност и по миењето неопходно е регијата да не се покрива за да се одржи сува и побрзо да заздрави, но тоа е тешко изводливо бидејќи во овој период настанува постпородилното чистење, а исцедокот по породувањето може да трае и 4 до 6 недели. Поради тоа потребно е решение кое на мајките ќе им обезбеди сигурност, удобност, заштита од дамки и здрава рамнотежа и свежина на кожата во текот на целиот ден. Влошките кои ќе ги изберете треба да бидат:

  • со висока апсорпција
  • да и овозможуваат на кожата да дише
  • изработени од материјали пријатни за кожата и
  • дерматолошки тестирани
Можеби ќе ви се допадне:   Породувањето како фактор за успешно доење

Abena влошките за родилки се токму такви! Тие се големи, за поголема сигурност и со самолеплива лента со која може да се залепат на Arbi-Fix мрежастите гаќички за родилки. Особеност на овие влошки е што се поголеми и подолги од останатите влошки достапни на пазарот. Тие се специјално дизајнирани за мајки кои по породувањето доживуваат постпородилно чистење или проблем со инконтиненција. Високата апсорпција и специфичноста на влошките и овозможуваат на кожата да дише, ја одржуваат сува и и обезбедуваат ефикасна заштита.

„Постпородилните влошки се одлични бидејќи и овозможуваат на кожата да дише што помага да не се создаде влага и топлина која е погодна подлога за развој на бактерии и габи. Нивната големина и должина овозможуваат да е доволна само една влошка за заштита од дамки и не ви требаат две одеднаш, како што е случајот со повеќето други“, велат мајките кои ги пробале влошките за постпородилно чистење на Abena.

Гаќичките Abri-Fix Net се практичен избор за време на бременоста и постпородилниот период. Тие се изработени од материјали кои овозможуваат удобност при движење и ја задржуваат влошката на своето место. Поради начинот на кој се направени, гаќичките одлично прилегаат на телото и половината и допринесуваат за вентилација, чувство на свежина и сувост во аногениталната регија. Гаќичките се достапни во три големини (M, L, XL) и се практични за машинско перење на 60°C.

Мајките за време на бременоста и после неа се соочуваат со многу непријатности и предизвици и затоа е важно да не се заборави дека грижата за себе и својата благосостојба е од иста важност како и грижата за вашето најмило. По породувањето, сосем разбирливо детето станува центар на нашиот свет, но за да се грижиме за нив, треба да се грижиме и за себе. “Здравата мајка е и добра мајка” се вели и тоа е една голема вистина!

Можеби ќе ви се допадне:   Предвремено раѓање или ниска родилна тежина

Гаќите и влошките за родилки на Abena можете да ги најдете во сите продажни локации на Bellina, како и на нивниот веб сајт www.bellina.mk.