КАКО КОРОНАВИРУСОТ ВЛИЈАЕ НА БРЕМЕНОСТА?
- Заштитни мерки – важат општите заштитни мерки и правила за изолација согласно препораките на Министерство за Здравство. Во нашата држава, а и во светот трудниците се категоризирани во ризична група и согласно тоа се ослободени од работа. Доколку имате потреба излегувајте само доколку е итна потреба или обврска која неможе да ја заврши член од вашето семејство. Но, притоа ностете ракавици и заштитна маска, а по враќањето дома измијте ги убаво рацете и лицето, соблечете ги обувките и оставете ги на подлога на која има ставено дезинфекционо средство и соблечете ја облеката, ставете ја на место каде што може да се ветрее. Следете ги препораките за постапување при враќањето дома кои секојдневно ги дава Минстерството за Здравство.
- Бидејки сеуште немаме доволно информации и вирусот го познаваме многу кратко,сеуште нема податоци дека инфкецијата со COVID-19 може да предизвика предвремено породување. Регистирани е неколку случаи на предвремено породување но, сеуште не е докажано која е причината на предвременото породување (дали инфекцијата со COVID-19 или по барање на лекарите заради состојбата на мајката)
- Податоци за вертикална трансмисија (пренесување на заразата од мајката на детето) сеуште не се евидентирани. Во испитувањата на амнионската течност (плодовата вода) и мајчиното млеко не е детектирано присуство на COVID-19.
- Природно породување или царски рез доколку мајката е заразена со COVID-19?
СЗО препорачува породување со царски рез само доколку постои медицинска индикација. Кај инфекцијата со COVID-19 царскиот рез се препорачува во зависност од здравствената сосотојба на родилката и нејзината клиничка слика.
- Сеуште нема евидентирани податоци дали вирусот може да доведе до оштетувања на плодот доколку макјата е инфицирана со COVID-19. Кај сите мајки позитивни на COVID-19 не е детектиран вирусот во амнионската течност.
- Дали трудницата треба да продолжи со редовните гинеколошки прегледи ?
ДА, секако треба редовно да се следи бременоста и растот и развојот на бебето. Во договор со матичниот лекар потребно е да се направат оние испитувања кои се тековни за следење на бременоста. Сите прегледи се обавуваат во координација со матичниот лекар.
- Што треба да направи трудницата доколку почувствува симптоми поврзани со инфекцијата со COVID-19?
Доколку осетите или веќе се присутни некои од симптомите поврзани со инфекцијата со коронавирусот (сува кашлица, покачена температура, главоболка, болка во грлото, малаксаност…) веднаш да се јавите кај матичниот лекар кој понатаму ќе ја спроведе епидемиолошката анкета и тестирање за коронавирусот согласно со насоките дадени од Министерството за Здравство на СРМ.
Тестирањето се спроведува на истот начин како што се спроведува кај целото население.
- Доколку трудницата е во самоизолација (била во контакт со заболен од COVID-19, ако сте патувале во високоризича земја, ако имате симптоми и чекате резултати од тестирање), а треба да посети гинеколог за преглед кој е веќе закажан, најдобро е телефонски да го исконтактирате матичниот гинеколог и да ја соопштите вашата моментална состојба. Додека сте во изолација не посетувајте здравствени установи, а доколку имате потреба контактирајте ги прво телефонски. Пренаталната заштита и кај трудниците кои се во изолација или се веќе заразени со COVID-19 треба да се спроведува согласно препораките и мерките за заштита.
- Што треба да направи трудница која е во изолација или чека резултати од тестирање за инфекција со COVID-19 доколку се појават првите знаци кои го најавуваат почетокот на породувањето?
Доколку сте сигурни дека раѓањето започнува полека упатете се кон родилиштето. Она што треба да го направите е да ги известите здравствените работници на приемното одделение дека сте биле во изолација за да можат да постапат согласно препораките на Минстерството за Здравство на СРМ. При излегување од дома ставете ракавица и заштитна маска за да се заштитите и себе и оние со кои ќе дојдете во контакт.
- Дали бебето на мајка која е позитивна или трудница која била во изолација ќе се тестира за Коронавирус?
ДА, секое новороденче кај позитивна мајка на COVID-19, мајка која била во изолација и чека резултати од тестирање се тестира за можна инфекција со Коронавирус.
- Дали мајката која е позитивна на COVID-19 може да оствари контакт кожа со кожа со своето новородено дете?
ДА, и Светската Здравствена Организцаија препорачува контактот кожа со кожа да се одржи иако мајката е позитивна на COVID-19. Доењето да започне во првиот час после породувањето или најбрзо колку тоа дозволува здравствената состојбата на мајката. Почитувајте ги мерките за заштита и дајте му го на вашето бебе она што е најдобро за него – МАЈЧИНОТО МЛЕКО.