“Global collective scorecard ”- Глобалната карта за резултати за стапката на доење беше воведена од УНИЦЕФ и СЗО како дел од Глобалниот колектив за доење. Го следи напредокот, зголемената одговорност и промените на протоколите додека владите преземаат чекори за спроведување на политики и програми за заштита, промовирање и поддршка на доењето. За 2023 година, резултатите покажуваат дека е постигнат значителен напредок во заштитата и поддршката на доењето во некои земји и региони.

Владите играат фундаментална улога во заштитата на здравјето на жените и децата преку подобрување на политиките и програмите кои го поддржуваат и промовираат доењето. Глобалниот колектив за доење, предводен од СЗО и УНИЦЕФ, идентификува седум приоритети на политиката за промоција и поддршка на доењето, секој со индикатор и поставена цел што треба да се постигне до 2030 година.

1. Да се зголемат средствата кои се инвестираат во програмите за промоција и поддршка на доењето за да се зголеми стапката на доење на деца до две годишна возраст.

2. Целосна имплементација на Меѓународниот кодекс за маркетинг на суплементи за замена за мајчиното млеко и релевантните резолуции на Светското Здравствено Собрание преку силни правни мерки кои се спроведуваат и се независно надгледувани од организации ослободени од конфликт на интереси.

3. Да се донесат закони за платено породилно отсуство и доење на работното место, базирајќи се на упатствата за заштита на мајчинството на Меѓународната организација на трудот како минимален услов, вклучувајќи и одредби за неформалниот сектор.   

4. Спроведување на десетте чекори за успешно доење во породилиштата, вклучително и обезбедување мајчино млеко за болни и ранливи новороденчиња.     

Можеби ќе ви се допадне:   Уште една успешна приказна со Даниела Јовановска

5. Да се подобри пристапот до стручни советувања за доење како дел од сеопфатните политики и програми за доење во здравствените установи.     

6. Да се зајакнат врските помеѓу здравствените установи и заедниците и да се вклучат организациите во заедницата кои го штитат, промовираат и поддржуваат доењето.     

7. Зајакнување на системите за мониторинг кои го следат напредокот на политиките, програмите и финансирањето кон постигнување на националните и глобалните цели за доење.

Глобалниот напредок за постигнување на целите за овие индикатори е мешан.

66 земји – првенствено земји со низок и среден приход (LMICs) – се во согласност со многу или сите одредби во Меѓународниот кодекс за маркетинг на замени за мајчино млеко. Како резултат на тоа, во овие земји има поголеми ограничувања за тоа како компаниите кои продаваат адаптирано млеко можат да ги пласираат своите производи. Согласно погоренаведеното во 23 земји со низок приход над 60 проценти од новороденчињата се ексклузивно доени во првите шест месеци. Спротивно на тоа, повеќето земји со високи приходи имаат имплементирано неколку или никакви аспекти од Меѓународниот кодекс. Во овие земји процентот на ексклузивно доење во првите шест месеци е понизок.

Накратко да видиме дел од глобалната карта со резултати заклучно со 2022 година на која е рангирана нашата земја. Целокупните резултати согласно седумте параметри можете да ги погледнете на линкот назначен во изворот на текстот.

Од резултатите можеме да заклучиме дека согласно табелата која е изработена врз база на собрани податоци резултатите за нашата земја се следните – донацијата за програми за зголемување на стапката на доење е ниска, имплементацијата на Кодексот за маркетинг на суплементи за замена на мајчиното млеко воопшто не се спроведува, нема регистрирано податоци за платено породилно отсуство и дозволено доење на работно место, нема акредитирани “Baby friendly” родилишта, нема податоци за соработка меѓу институциите кои го промовираат и поддржуваат доењето, нема мониторинг систем кој ќе ги следи програмите кои се спроведуваат за промоција и поддршка на доењето.

Можеби ќе ви се допадне:   Како да го одржите произведувањето на мајчиното млеко кога не сте во можност да доите

Процентот на доени деца согласно возраста:

-доенчиња кои доењето го започнале во првиот час после породувањето – 9 %

-ексклузивно доење до 6 месечна возраст – 27,5%

-доење до возраст од една година – 37 %

-доење до возраст од две години -17%

 

Неколку забелешки од 2023 година

  • На глобално ниво, стапките на ексклузивно доење се зголемија за 10 проценти во текот на изминатата деценија достигнувајќи 48%. Подготвено да ја достигнеме целта на “World Health Assembly” од 50% до 2025 година. Глобалниот колектив за доење пак има таргет за достигнување на 70% во 2030 година.
  • Дваесет и две земји низ Африка, Азија, Европа и Океанија имаат документирано зголемување на ексклузивно доење за повеќе од 10 процентни од 2017 година.
  • Неколку студии од Кенија, Пакистан, Србија, Сиера Леоне и Виетнам ја илустрираат главната политика и програмски напредок во заштитата и поддршка на доењето.
  • Имплементацијата на Кодексот за маркетинг на замени за мајчиното млеко допринесува за повисоки стапки на доење.
  • Донациите за заштита на доењето и поддршката остануваат минимални.
  • Повеќето земји имаат кратко породилно отсуство што е причина за ниска стапка на доење.

Резултати

На глобално ниво, процентот на доенчиња на возраст под шест месеци исклучиво доени достигна 48%, блиску до постигнување целта на Светското здравствено собрание за 2025 година од 50%. Стапката на ексклузивно доење е десет процентни повисока од една деценија претходно, покажувајќи дека напредокот е можен и се случил низ регионите и некои земји.

Врз основа на податоците од анкетата собрани во 2016-2022 година, 46% од новороденчињата започнале со доење во рок од еден час по раѓање во однос на целта која е поставена од 70%. Додека 71% од жените продолжуваат да го дојат своето доенче до најмалку една година, а до возраст од две години стапките се намалуваат на 45%. Колективот има за цел да постигне 60-80 % доење до оваа возраст. Затоа, националните напори за поддршка на континуирано доење мораат да бидат посилни и континуирани.

Можеби ќе ви се допадне:   Бидете дел од Kid Expo заедно со Bellina!

“Global collective scorecard” прв пат беше објавена во 2017 година. Од 100 земји кои ги ажурирале своите податоци за ексклузивно доење има 70 документирани зголемувања. Од нив, 22 земји документираа зголемување за повеќе од десет проценти.

Пишува: Јасна Апостолски-Николов дипл.мед.сестра, IBCLC-Меѓународен сертифициран консултант за доење, сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници.

Извор: https://www.globalbreastfeedingcollective.org/global-breastfeeding-scorecard

https://www.unicef.org/documents/global-breastfeeding-scorecard-2023#:~:text=Globally%2C%20exclusive%20breastfeeding%20rates%20have,target%20of%2050%25%20by%202025.