ДЕФИНИЦИЈА

Во секојдневната пракса под зборот дохрана се подразбира воведување на кашеста храна кај дотогаш хранети доенчиња со мајчино млеко или со адатирано млеко. Но според релевантните органзации тој збор има друга дефиниција.

Според СЗО под поимот дохрана се подразбира воведување на било каква друг тип на храна кај доенчињата освен мајчино млеко. Спрема оваа дефиниција и адаптираните формули спаѓаат во дохрана иако тие се употребуваат понекогаш од самото раѓање.

Според  Европоското друштво за гастроентерологија, хепатологија и исхрана  ESPGHAN под  дохрана се подразбира воведување на  цела онаа храна која не е мајчино млеко или адаптирана формула. Оваа дефиниција е најраспорстранета и најчесто се употребува.

Па така да кога ќе речеме дохрана мислиме на воведување на било кој друг  тип на храна кој не е мајчино млеко или доенечка формула.

КОГА ДА СЕ ПОЧНЕ СО ДОХРАНА?

За воведувањето на дохраната, односно кашеста храна во исхраната на доенчињата  мора да бидат задоволени соодветни предуслови како да биде постигната зрелоста на имуниот, дигестивниот, нервниот  систем како и да биде во потполност развиена функцијата на бубрезите.

Ако го следиме процесот на зреење на сите овие набројани системи кога ќе ја достигнат својата зрелост може да кажеме дека за здраво доенче времето за започнување на дохрана треба да биде меѓу 4 и 6 месец од животот.

Најглавен критериум според кој би одлучиле кога е најидеалното време за започнување со дохрана е нормалниот раст и развој на доенчето. Доколку растот и развојот соодвествуваат на прецентилните криви а станува збор за доенче кое е на екслузивно доење тогаш најчесто со дохрана се започнува од 6 месец.

Освен овој критериум има и други знаци и критериуми кои одлучуваат кога ќе се започне со дохрана.Точното време на дохрана го одредува педијатарот кој го следи детето. Таа т.н. одлука е договор помеѓу педијатарот и родителите на детето. При донесување на оваа одлука се земаат повеќе фактори во предвид. Како на пр прираст во телесната тежина, кога ќе оди во градинка, заинтересираност за друг тип на храна, развој на мускулатурата, психомоторен развој и сл.

ШТО ЗНАЧИ ВОВЕДУВАЊЕ НА ДОХРАНА?

Ова е едно од прашањата кои мајките најчесто си ги поставуваат. Дали кога ќе се започне со дохрана доенчето веќе нема да сака да цица или кога ќе тргне на работа дали ќе престане да дои или мајчиното млеко ќе го замени со формула.

Можеби ќе ви се допадне:   Храна и пијалаци за возраст од 6 до 24 месеци

Бројот на подоите и бројот на оброците со немлечна храна се одредуваат во зависност од потребите на доенчето. Шемата на оборците ја прават мајката и педијатарот заедно.

Целта на воведување на дохрана е доколку постои дефицит да се дополни со немлечна храна или доколку е мајката на работа да се дадат оброци со што нема да има потреба од воведување на формула.

ТИПОВИ ХРАНА

Редоследот за тоа кои намирници треба да се внесат први и по кој редослед тоа ќе се прави најчесто го прави педијатарот.  Тоа зависи пред се од тоа во кој месец се воведува дохраната, зашто се воведува и што сакаме да постигнеме со воведување на дохраната.

Она на што треба да внимаваме е при воведувањето на дохраната намирниците да се даваат постепено и поединечно. Најдобро е воведувањето на новата намирница да трае 3 дена.

Најчесто се почнува со воведување на овошје и зеленчук и за кратко по започнувањето на воведување на цел оброк се продолзува со воведување и на месо и на алергените.

При внесување на наминиците освен на алергеноста на храната треба да се внимава и на тоа како храната ќе се свари во стомакот и дали ќе се предизвика потешкотија кај доенчето. Внесувањето на алергените треба да биде внимателно и постепено. Ова особено е важно кај деца со атопија или постоење на одредени интолеранции како кај доенчето така и кај неговите родители.

Најдобро време за внесување на нови вкусови е до кај една година. Во тој период доенчето најдобро ги прифаќа новите намирници дури и ако се кисел и горчливи. Кај поголемите деца е потешко внесување на нови вкусови. Доколку имаме поешкотија во воведувањето на новите намирници самостојно тогаш може да се камуфлираат со некој омилен вкус на доенчето но и тогаш се внимава да има само една намирница нова во денот.

Можеби ќе ви се допадне:   Најчести грешки што водат до прекин на доењето

Во прилог може да ви дадеме табела во која се набројани намирниците поделени според месеците. Тоа не значи дека строго треба да се држиме до табелаат во воведувањето на сихраната. Таа е да им олесни на мајките кои храни полесно се варат и каква е нивната алергеност. Сепак за распоредот со т.н. групи на храни кога ќе се започне е доворот меѓу педијатарот и родителите.

ТАБЕЛА

  4-6 месеци 6-8 месеци 8-10 месеци 10-12 месеци Над 12 месеци
Овошје Јаболко

Круша

Авокадо

 

банана

Праска

Кајсија

Слива

Нектарина

Манго(7+)

Вишни (7+)

Цреши (7+)

Диња

Лубеница

Смоква

Грозјае

Брусница

Кокос

Папаја

ананас

Цитрусни(лимон, портокал)

Киви

Berries

Јапонско јаболко

Јагоди

 

Зеленчук Компир

Тиква

Морков

Тиквичка

брокула

Пашканат

Целер(корен)

Кромид

Боранија

Карфиол

Модар патлиџан(7+)

Праз

Блитва

Спанаќ

Цвекло(7+)

Пиперка(7+)

Домати(9+)

Леќа црвена

Аспарагус

 

Зелкка

Прокељ

Кељ

Грав

Краставица

 

 
Млечни производи   Кисело млеко(7+)

Урда несолена(7+)

Путер несолен(7+)

Јогурт

Павлака

 

Сирење младо несолено   Сирење тврдо
Месо   Пилешко домашно

Телешко

Мисиркино

 

Тофу

 

Риба

 

 
Житарки Ориз

Палента

просо

Амарант(?)

Киноа(?)

Овес

Глутен(7+)

 

Глутен- гриз, пченица, спелта, рж, јачмен,лен

Тестенини

 

   
Јајце     Жолчката се воведува постепено   белка
додатоци     Цејлонски цимет

Какао

   

ТЕКСТУРА НА ХРАНАТА

Развојот на џвакачката мускулатура е важен во орално –моторичкиот развој  и најпосле во развојот на говорот. Типот на храната кој ќе  му се даде на детето зависи од повеќе фактори како што се возраста на детето, колку е потребно да се внесе храна во денот, дали може детето самостојно да седи и сл.Најважните промени во орално моторниот развој се случуваат помеѓу 6 и 10 месец од животот на доенчето, со што се истакнува  важноста од менување на текстурата на храната. Во овој период е потребно постепено да се воведуваат прво ситни па потоа и покрупни парчиња и на тој начин доенчето да се префрли да внесува цврста храна доколку е започнато со дохрана со блендирана храна. Доколку до 10 месец од животот на доенчето не се започне со воведување на парчиња во исхраната може да се поттикне развој на т.н сензорна аверзија односно пореметување во хранењето.

Има повеќе начини на кои се започнува дохраната. Дали ќе биде блендирана или пасирана или давање на цели парчиња ( BLW) што се повеќе е тренд  кај младите мајки зависи од повеќе фактори. Повтроно тоа е тема на која мајката ќе се консултира со педијатарот и ќе види дали и како да биде начинот за воведување дохрана.

КОГА Е ДОСТА?

Ова е едно од прашањата  на кое можеме тешко да дадеме одговор. Се смета дека доенчињата имаат вродено чуство на ситост т.е сами може да ја регулираат количината на храна која им е доста за да се нахранат. Ова е важно на родителите да им го кажеме тоа за да можат да г следат дететео во неговите желби. Ова е многу лесно извдливо ако станува збор за дете кое има соодветен раст и развој. Овој начин на прехрана би бил малку оотежнат доколку е потребно да се внесува поголемо количество на храна од то што детето сака да го изеде за да се обезбеди позитивен пораст во тежината. Најдобро е големината на оброците и честотата на јадење да ја утврдат заедно мајката на детето со педијатарот.

ДАЛИ ДОМАШНО ПРИГОТВЕНА ХРАНА ИЛИ  ГОТОВА ХРАНА?

Ова е едно прашањата на кое секогаш многу се полемизира. Јас би рекла комбинирано, доколку го знаеме изворот на храна може да се приготви и во домашни услови но доколку не сме сигурни дека е сигурен изворот тогаш готови кашички. Најдобро е комбинирано, да ги научи детето и купечките и домашните вкусови.

КОГА ТРЕБА ДА СЕ ЗАПОЧНЕ СО ПИЕЊЕ НА КРАВСКО МЛЕКО?

Ова исто така е едно од најчесто поставуваните прашања во нашата секојдневна пракса. До една година пожелно е да не се употребува кравско млеко или доколку се употребува да биде во оброк не да се пие. Никој не треба да пие кравско млеко, најдобро е да цица дететео до кога сака  или да пие адаптирана формула се додека има потреба од пиење млеко.

Можеби ќе ви се допадне:   Успешна приказна со Мелиха Умер