
Болните и оштетени брадавици се една од причините при која доилките одлучуваат да престанат да дојат. Болката и оштетувањето на брадавиците секако има своја причина, но доколку таа се јавува во првите денови секоја доилка прво размислува која е соодветната нега за оштетените и болни брадавици. Најчесто користено средство кај секоја доилка е ланолинот. Често доилките го користат и мајчиното млеко за нега на брадавиците. Дали мајчиното млеко помага при ваква болка и оштетени брадавици?
Во продолжение на текстот можете да ги прочитате резултатите од неодмна објавената студија на престедателката на Хрватското здружение на IBCLC консултантите за доење Проф. Др. Анита Павичиќ-Бошњак спец.неонатолог, IBCLC. Студијата е објавена во списанието “Jurnal of Human Lactation” 2022.18.Nov.
Студија со наслов ” Comparison of Lanolin and Human Milk Treatment of Painful and Damaged Nipples: A Randomized Control Trial”
Апстракт
Позадина: Болните и оштетени брадавици често се поврзуваат со прекин на доењето во раниот постпартален период. Резултатите од студиите на истражувачите кои користеле различни третмани биле неубедливи.
Цел на истражувањето: Да се спореди интензитетот на болката во брадавиците и заздравувањето на оштетените брадавици во текот на првите 10 дена по породувањето, користејќи третмани со ланолин или со мајчино млеко.
Методи: Оваа рандомизирана контролирана студија опфати учесници (N = 206) кои беа прворотки со болни и оштетени брадавици. Учесниците беа од терциерната болница,родилиште во првите 72 часа по породувањето и рандомизирани во интервентната група со ланолин (n = 103) и контролна група со мајчино млеко (n = 103). Податоците беа собрани во породилното одделение, 3 и 7 дена по рандомизацијата. Примарниот исход беше интензитетот и квалитетот на болката во брадавиците измерени 3-от и 7-от ден по рандомизацијата со Прашалникот за болка МекГил – кратка форма. Прашалникот за самопроценка на оштетување на брадавиците беше користен за проценка на заздравувањето на брадавиците. Самоефикасноста на доењето, времетраењето на доењето и ексклузивноста беа оценети како секундарни исходи.
Резултати: Учесниците во двете групи пријавија статистички незначително намалување на болката (квалитет и интензитет на болка), како и подобрено заздравување на брадавиците 7 дена по рандомизацијата. Учесниците во групата со ланолин исклучиво ги доеле своите доенчиња 3 дена по рандомизацијата – значително почесто од учесниците во контролната група (p = .026). Студијата не откри никакви статистички значајни разлики за други секундарни исходи.
Заклучок: И ланолинот и мајчиното млеко се подеднакво ефикасни во лекувањето на болни и оштетени брадавици. Регистрирано кај Clinicaltrials.gov (NCT04153513).