Почитувани идни родители,

Пред вас е најубавата фаза од животот, а тоа е планирањето на вашето семејство. Новите трендови ни помагаат да созреваме и да се градиме како луѓе на едно ново подобро време. Многу скоро на едно мало бебе ќе му биде потребна Вашата заедничка љубов и грижа. Сигурно веќе размислувате што се можете да му пружите на своето дете за во неговиот живот да има поголема сигурност.

Ние во Био Сејв сме посветени на сигурно складирање на матичните клетки од папочна врвка. Со целата нашата енергија работиме на тоа сигурно да се складираат висококвалитетни препарати на матични клетки, кои на вашето дете би му биле на располагање во случај на потреба во иднина. Дознајте зашто за правилен избор на приватна семејна банка е многу важно долгогодишното искуство и што значи запазување на најстрогите стандарди за квалитет.

Матичните клетки од папочната врвка имаат свои уникатни квалитети. Семејната приватна банка ви ја нуди таа можност да ги искористите во иднина во случај на член од семејтво да му се дијагностицира болест која може да се излекува со трансплантација. За разлика од другите и јавните банки, Био Сејв и FamiCord ви го овозможуваат ова.

FamiCord Group е мрежа на банки за матични клетки од папочна врвка која нуди семејно складирање низ цела Европа. Притоа  поседуваат 8 лаборатории за обработка на матични клетки. Воедно FamiCord е најголем инвентар на матични клетки во Европа и според бројката на клиенти кои ја имаат подарено својата доверба на FamiCord се сочувани над 700.000 примероци. Био Сејв Македонија за своите клиенти чувањето на матичните клетки го обезбедува во банката во Германија, BioKryo.

Можеби ќе ви се допадне:   Неконтролирано мокрење во бременоста

Ова е единствен начин да се обезбеди сигурен пристап и опција за третман кога тоа ќе биде најпотребно. Во моментов матичните клетки се користат како рутински (стандарден) клинички модалитет во третман на приближно 80 различни медицински состојби (главно хематопоетски и други заболувања). Нивната употреба од ден во ден се зголемува и опсегот на болести кои може да се третираат и надвор од стандардните третмани е повеќе од 200 заболувања.

Крвта од папочната врвка собрана веднаш по раѓањето содржи матични клетки кои може да се користат за лекување на самото дете, неговите браќа и сестри и членови од семејството. Може да се соберат еднаш во животот и тие може да се користат децении подоцна. Напредните истражувања укажуваат на сериозни ветувања дека во иднина може да очекуваме успешно зголемување на бројот на матични клетки во лабораторија па тогаш ова би било инвестиција која би нудела многу поголеми можности.

За сите Ваши дополнителни прашања за тоа каква корист има човековото тело од матичните клетки, зашто се важни, кои се болестите кои најчесто се опфатени, што е разликата помеѓу сочувување само на крв од папочна врвка и што добивате доколку сочувате и крв и ткиво од папочна врвка, како и каква е самата постапка на собирање и складирање на матични клетки. За сите овие прашања и останати информации, која е цената и какви се условите на плаќање сме достапни за вас и Ви стоиме на располагање во нашите простории, на дежурниот телефон или преку on-line комуникација.

Повеќе информации на: http://www.biosave.mk/