Прематуритет (исто така наречено и предвремено раѓање) е кога бебето е родено пред 37-та  гестациска недела. Предвремено родените деца често имаат ниска родилна тежина (помалку од 2000 гр). Ниска родилна тежина е кога бебињата тежат помалку од 2,5 килограми. И двете можат да предизвикаат проблем со доењето, особено ако бебето треба да остане во болница за дополнителна нега. Но, мајчиното млеко им помага на прематурните деца да растат и да останат здрави.

Некои бебиња можат да се дојат веднаш. Ова се случува ако вашето бебе е родено со ниска родилна тежина, но по 37 недели. За да можат да се затоплат овие бебиња имаат потреба од контактот кожа на кожа. Овие помали бебиња, исто така, треба да се хранат почесто, бидејќи нивните желудничиња се помали, и може да бидат поспани за време на овие хранења.

Ако вашето бебе е предвремено родено и не сте во можност да доите на почетокот, вие можете:

  • Измолзите или испумпате колострум во болницата веднаш по породувањето.
  • Разговарајте со болничкиот персонал за изнајмување на електрична пумпа. Пумпајте млеко толку често колку што доите – околу осум пати во 24-часовен период (на секои 3 часа). Бројот на подои заменете го со измолзување со пумпа. Така ќе можете да ја стимулирате и одржите лактацијата додека вашето бебе биде стабилно и спремно за доење. Измолзеното млеко дајте го во болницата(во некои родилипта има простории кои се наменети за мајките на предвремено родените деца каде што се обезбедени соодветни услови за измолзување на млеко и истото потоа се дава на бебето,во зависност од начинот на хранење). Измолзувањето кај мајките на предвреме родените бебиња кои неможат да цицаат  треба да се започне помеѓу 1-от и 6-от час после породувањето.
  • Контактот кожа на кожа е многу важен, откако вашето бебе е подготвено за доење дирекно од градите. Ова може да биде многу смирувачко и одличен почеток на првото хранење. Бидете сигурни да работите со консултант за лактација за правилно прицврстување и позиционирање. Можеби ќе ви треба време да влезете во добра рутина. Се препорачува соодветна едукација и подготовка на родителите на предвреме родените бебиња првите неколку пати кога ќе започне доењето.
Можеби ќе ви се допадне:   Можам ли да го дојам моето посвоено бебе?