
Овие промени во менталниот и физичкиот развој ги доживуваат како “шок”. Вие родители не размислувајте многу за ваквото чувство. Само замислете си како би било да се разбудите еден ден на сосема друга планета каде што се е поразлично од она што до вчера ви било исто. Така се чувствуваат бебињата се додека не помине период и не видат дека овие промени се веќе дел од секојдневието. Во ваков случај што би направие вие?
Не би сакале да се најадете убаво и да си легнете. Ни вашето бебе не би сакало!?
Тие би сакале да бидат во прегратка на некој со кој се чувствуваат сигурно. Секој период на скок во развој е различен предизвик за бебето. Во секој период добиваат поинаква перцепија за работите и одат на повисоко ниво во усовршување на своите навики и вештини. Сите овие промени се случуваат во возраст соодветна за бебето. Колку и да сакате одредена навика или вештина да ја развивате кај детето нема да успеете се додека тоа не дојде на возраст на која може да ја примени и развие. Запамтете, не се сите бебиња исти. Сите реагираат и се развиваат индивидуално. Некои бебиња ќе се насочат кон усовршување на одредена вештина, некои ќе ги применат и усовршат сите вештини карактеристични за таа возраст. Некои вештини ќе му бидат сосема нови додека некои ќе бидат усовршување на претходно наученото.